Ерик Лин Рајт (7 септември1964 - 26 март1995) познат под неговиот прекар Изи-И (Eazy-E), беше американски рапер и продуцер од Комптон, Калифорнија.[1] Тој се смета дека го пронашол поджанрот на рапот, gangsta rap (гангстерски рап). Изи стана познат со групата N.W.A, а подоцна и како соло-артист.
Изи-И е познат по неговиот низок глас како на момче и неговите текстови фокусирани на уличниот живот и бандите, вклучувајќи оружје, дрога, секс и омраза кон полицијата. Изи бил домаќин на радио емисија на радиото ККБТ, во Лос Анџелес.
Ерик Рајт е син на Ричард и Кејти и се родил на 7 септември 1964 година, во Комптон, Калифорнија, предградие на Лос Анџелес. Татко му работел како поштар, а мајка му како директорка во училиште. Ерик бил избркан од средно училиште бидејќи продавал дрога. Тој бил член на бандата „Крипс“ кај Кели Парк кога бил тинејџер, а подоцна ширум градот.
Во 1987 г., искористувајки ги парите кои ги собрал од продавање дрога, Изи заедно со Џери Хелер ја основале издавачката куќа „Рутлес Рекордс“ (Ruthless Records). Кога ќе се придружат Д-р Дре и Ајс Кјуб на Рутлес, Изи заедно со нив ја формира групата N.W.A. Подоцна дошле Ди-Џеј Јела и Арабски Принц. Во овј период, Рутлес го издава албумот N.W.A and the Posse во 1987, а подоцна најуспешниот албум Straight Outta Compton во 1988. Еден месец подоцна, Изи го издава својот прв соло албум „Eazy-Duz-It“. Албумот се продал во 2 милиони копии, кој ја добил титулата „double platinum album“. Во овој албум биле сингловите We Want Eazy и Eazy-Er Said Than Dunn. Приота му помагале и останатите членови на N.W.A, пример текстовите му ги пишувал Ајс Кјуб.
Недоразбирања околу парите предивикале да N.W.A се распадне во 1991 година. Другите членови мислеле дека Изи и и Џери Хелер крадат пари од групата. Ајс Кјуб прв ја напуштил групата како последица од тоа, и ја напишал песната No Vaseline, во која ги навредува N.W.A. Подоцна, поради истата причина, Д-р Дре ја напуштил групата и ќе ја основа издавачката куќа Death Row Records. Оттогаш Изи-И и Д-р Дре почнале да пишуваат песни во кои се навредуваат еден кон друг. Најпознати такви се Real Mothafucking G's на Изи-И и Fuck Wit Dre Day на Д-р Дре.
На 16 март 1995, Изи отишол во болницата „Седарс Синаи Медикал Центар“ во Лос Анџелес. Тој мислел дек аима астма, а всушност бил болен од ХИВ вирус. Тој наскоро им кажал на обожавателите дека е болен. На 26 март 1995, во околу 6:35 часот по тихоокеанско време, Изи починал. Тој имал 31 година. Истата недела пред да умре, тој се смирил со Д-р Дре и Ајс Кјуб и за последен пат се упатил кон своите обожаватели.[2]