BioShock
| BioShock | |
|---|---|
| Изработувач(и) | 2K Boston 2K Australia |
| Издавач(и) | 2K |
| Режисер(и) |
|
| Дизајнер(и) | Пол Хелквист |
| Програмер(и) |
|
| Уметник(ци) | Скот Синклер |
| Писател(и) | Кен Левин |
| Композитор(и) | Гари Шајман |
| Серијал | BioShock |
| Погон | Unreal Engine 2.5 |
| Подлоги | |
| Датум на издавање | Windows, Xbox 360: PS3: Mac: Java: BREW: |
| Жанр(ови) | пукачка игра од прво лице |
| Режим(и) | едноиграчки |
BioShock (македонски: Биошок) — пукачка игра од прво лице со елементи на RPG, научна фантастика и потајност. Развиена е од компанијата 2K Boston (подоцна Irrational Games), а издадена од 2K Games за Windows и Xbox 360 во 2007 г. Во 2008 г. била објавена верзија за PlayStation 3, во 2009 г. — верзија за OS X, развиена од компанијата Feral Interactive. На 29 мај 2020 г., била објавена верзија за Nintendo Switch во изданието Bioshock: The Collection.
Водечкиот играчки дизајнер на BioShock е Кен Левин. Играта е духовен наследник на игрите System Shock и System Shock 2. Иако не е поврзана со нив според заплетот, таа црпи голем број теми и елементи од играчкиот процес. Исто така, дел од развивачите на BioShock претходно работеле на создавањето на System Shock 2. Сценариото на BioShock вклучува критичко преиспитување на делото и филозофијата на Ајн Ренд, особено на нејзината книга „Атлас ги крена рамената“ (1957).
Дејството на BioShock се случува во 1960 г. Главниот лик, младичот по име Џек, како резултат на авионска несреќа, се наоѓа во подводниот град Восхит, скриен на дното на Атлантскиот Океан. Восхит бил создаден од милионерот Ендру Рајан како идеално, според неговото мислење, општество. Меѓутоа, откривањето на супстанцијата наречена „АДАМ“, која им дава на луѓето натчовечки сили, како и сѐ посомнителната политика на Рајан, кој спротивно на сопствената филозофија воспоставил сурова диктатура во градот, го поделиле општеството на Восхит и на крајот довеле до граѓанска војна и пад на утопијата.
BioShock наишла на широко прифаќање и била особено пофалена од критичарите за нејзината приказна, теми, визуелен дизајн, средина и играчки процес. Се смета за една од најдобрите игри некогаш направени и показател дека компјутерските игри се вид уметност. По BioShock следеле две продолженија, BioShock 2 и BioShock Infinite, објавени во 2010 и 2013 г., соодветно.
Играчки процес
[уреди | уреди извор]Играчот ја презема улогата на еден млад човек по име Џек, кој се наоѓа заробен во подводниот град Восхит (англ. Rapture). Луѓето таму ја користеле супстанцијата АДАМ за да стекнат младост и извонредни способности, но поради нејзината злоупотреба, се претвориле во чудовишта. За да излезе од градот, Џек мора да се бори со чудовиштата и да надмине други опасности, потпирајќи се и на моќта на оружјата и АДАМ, како и на својата досетливост.[1][2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ BioShock review
- ↑ Caron, Frank (2007-12-04). „New Bioshock content, patch now available“. Ars Technica (англиски). Посетено на 2025-09-13.