Прејди на содржината

Сорбе

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сорбе — леден десерт направен од овошно пире или сок на кој му се додава шеќерен сируп. За разлика од сладоледот, тој не содржи павлака, млеко или жолчки.

Потекло на зборот

[уреди | уреди извор]

Зборот сорбе доаѓа од францускиот збор sorbet, кој пак потекнува од италијанскиот sorbetto, кој е изведен од турскиот збор şerbet, а самиот збор е изведен од персискиот збор شربة “. šarbat (пијалак направен од вода и засладен овошен сок или сируп), сите изведени од арапскиот глагол شرب / ch(a)rab / што значи „пие“.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Сорбињата датираат од 3000 година пр. н. е. Се верува дека азиските култури го откриле потеклото на сорбето во облик на кршен мраз измешан со ароми. Петстотини години подоцна, во Египет, истата се применувала истаа оваа практика кога фараоните им нуделе на посетителите чаша мраз измешан со овошни сокови. Најраното забележано споменување на ладни пијалаци може да се сретне во Библијата, во делот кога Исак му понудил на Авраам козјо млеко измешано со снег.

Во Кина, сорбето се подготвувало со ставање овошни сокови или вино во бочви врз кои се истурала мешавина од снег и шалитра (која ја намалува точката на замрзнување на водата). Во исто време, во персискиот свет, фалуде се правело на ист начин, вода од ружи, сок од лимон и оризови вермичели брзо ладени во ледена вода. Начелото на послужување замрзнат десерт е познат уште од антиката кај Персијците, Грците и Римјаните.

Во античко време, на дворот на Александар Велики, ледените пијалаци се подготвувале со мешање на мелено овошје со мед и снег. Оваа техника продолжила кај Грците во следните векови. Потоа ја усвоиле Римјаните, кои превезувале тони спакуван снег и блокови мраз, заштитени со слама и крзна, од Алпите, Везув или Етна во Рим. По пристигнувањето, снегот и мразот од планините биле закопувани во бунари за конзервирање. Нерон, римскиот император, ги честел своите гости со овие пијалаци, практика што Сенека ја сметал за претерано скапа. Во Европа, користењето на мраз повеќе или помалку исчезнало по распадот на Римското Царство.

Во IX век, калифите на Багдад уживале во sharābs, сирупи од овошје и цвеќе послужени со шеќер и мраз направени од замрзнатиот снег на планината Либан, кои Арапите ги носеле товарени на камили. Истата техника се користела за снабдување во Бејрут, Дамаск и Каиро.[2]

Уличен продавач на сорбе во Неапол (гравура од 1853 година).

Во средниот век, во Андалузија, Маврите го подобриле рецептот со заменување на медот со шеќер.[3] Како и во некои сицилијански градови, во Гранада и Севиља, еден еснаф имал задача да конзервира и продава кршен мраз, завиткан во јутени вреќи и пренесуван на маски од Сиера Невада. лк се подготвувале сирупи и сорбиња со овошје, билки, зачини и цвеќиња.

Крстоносците го откриле сорбето на Блискиот Исток, а венецијанските трговци го вратиле рецептот за sorbetto од Левант во текот на средниот век.

Според едно народно предание, сорбето се појавило на францускиот двор дури во XVI век и тоа благодарение на Катерина де Медичи, која со себе ги донела своите слаткари. Ова предание очигледно е лажно, бидејќи ниту еден италијански готвач не бил запишан на францускиот двор за време на владеењето на Медичи.

Подоцна, сорбето било заслужно за успехот на „Кафе Прокоп“, кое се отворило во Париз во 1686 година и го служело сорбето со кафе и чоколадо. Нуделе осумдесет видови сорбе, вклучувајќи нане, каранфилче, фстаци, нарцис, бергамот, грозје, итн.

Готвачите се обидувале да измислуваат нови рецепти. Праската Мелба се појавила во 1893 година, подарок од Огист Ескофје за оперската пејачка Нели Мелба. Корнетот, вафла свиткана во облик на конус и наполнета со топка сорбе или сладолед за полесно јадење, станал популарен на почетокот на XX век.

Денес, сорбето најчесто се прави со овошје. Понекогаш се меша со алкохол, што ја намалува точката на топење и го прави сорбето помеко. Апаратите за сорбе не вбризгуваат толку воздух во смесата како машините за сладолед, бидејќи сорбињата, кои не содржат крем, полесно се згуснуваат. Оваа разлика произлегува од фактот што тие содржат значително повеќе овошје од сладоледот, што им дава поизразен овошен вкус. Сепак, за да се сведе на најмала можна цената на земјоделските производи во еден литар готово сорбе, производителите (индустриски или занаетчиски) ги нагодуваат своите машини за максимално вклучување воздух за да добијат сорбе што содржи до 50% воздух.

Регулатива

[уреди | уреди извор]
Сорбе со јагоди.

Минималниот процент на овошје во овошните сорбиња претходно бил 35 %.[4]

Според француските прописи, овошните сорбиња мора да содржат минимум 25 % овошје, освен кога содржат кисело овошје како лимон или портокал (минимум 15 %) или јаткасти плодови (минимум 5 %). Понатаму, не треба да се додаваат масти за време на производството.[5] Да ја носи ознаката „овошно сорбе“, едно сорбе мора да содржи најмалку 45 % овошје ако е со вообичаеното овошје, 20 % кисело и силно ароматизирано овошје.[5] Сорбињата од зеленчук мора да содржат минимум 25 % зеленчук, содржина намалена на 10 % за јак зеленчук како што се пиперки или целер.[5]

Апарати за правење сорбе

[уреди | уреди извор]
Дијаграм на машина за сорбе

Апаратот за сорбе овозможува да се прави сладолед и сорбе. Ја намалува температурата на смесата, а воедно спречува образување кристали мраз. Вообичаениот метод е смесата да се меша додека се лади.

Овие машини се доста практични. Овозможуваат доста брзо да се направит домашен сладолед или сорбе.

  1. Davidson, Alan. The Oxford Companion to Food.
  2. Abdallah Naaman (1984). Les Levantins, une race : essai d'analyse sociale (француски). Maison Naaman pour la Culture. стр. 112..
  3. Liliane Plouvier (2000). L'Europe se met à table (француски). Bruxelles: DG Education et Culture. стр. 60..
  4. „Convention collective nationale de l'industrie des glaces, sorbets et crèmes glacées“. Посетено на 6 novembre 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help).
  5. 1 2 3 „Glaces, crèmes glacées, sorbets“. Direction générale de la Concurrence, de la Consommation et de la Répression des fraudes. Посетено на 3 octobre 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help).

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]