Белче
| Белче | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Поглед на селото | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Координати 41°14′38″N 21°12′07″E / 41.24389°N 21.20194°E | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Регион | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Општина | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Област | Железник | |||||||||||||||||||||||||||||||||
| Население | 210 жит. (поп. 2021)[1] | |||||||||||||||||||||||||||||||||
| Пошт. бр. | 7240 | |||||||||||||||||||||||||||||||||
| Повик. бр. | 047 | |||||||||||||||||||||||||||||||||
| Шифра на КО | 10004 | |||||||||||||||||||||||||||||||||
| Надм. вис. | 611 м | |||||||||||||||||||||||||||||||||
| Слава | Св. Никола Летен[2] | |||||||||||||||||||||||||||||||||
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Белче имало 100 жители, сите Македонци христијани.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Белче имало 128 жители.[8]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Белче се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 7 куќи.[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100Македонци.[10]
Селото е мало, но со пораст на бројот на население. Во 1961 година селото броело 170 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 208 жители, македонско население.[4]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 245 жители, сите Македонци.[11]
Според неофицијални податоци, во 2015 година во селото живееле над 250 жители.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 210 жители, од кои 206 Македонци и 4 лица без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
| Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 100 | 128 | 154 | 154 | 170 | 175 | 199 | 244 | 208 | 245 | 210 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Родови
[уреди | уреди извор]Белче е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[17]
- Доселеници: Јоновци (1 к.), потекнуваат од селото Бабино. Од таму се иселиле во Обршани кај Прилеп. Па по некое време прешле во Белче; Величковци со Дрмоновци (5 к.), со непознато потекло. Некое време седеле и во Сопотница; Трајковци (2 к.), доселени се во 1903 година од селото Логоварди кај Битола; Јолевци и Дранговци (2 к.); Филиповци (1 к.), доселени се пред 1903 година од селото Единаковци; Лозановци (2 к.), потекнуваат од селото Вардино. Од таму се иселиле во селото Бучин кај Крушево. Па се населиле во Белче; Ничовци (4 к.), доселени се пред 1903 година од селото Стругово. Таму припаѓале на родот Гологановци; Лачовци и Милевци (1 к.), доселени се од селото Граиште. Таму припаѓале на родот Кордановци и Кочовци (1 к.), доселени се од селото Слоештица. Таму имале роднини.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Месна заедница
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Белче, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Мургашево, во која влегувале селата Белче, Кутретино, Мургашево, Слепче и Суводол.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 0620 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 203 гласачи.[19]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[20]
- Гориче — црква од старохристијанско време;
- Зад Корија — населба од средниот век;
- Зарев Манастир — црква од средниот век;
- Стари Анови — населба од средниот век.
- Цркви[21]
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква.
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- Слави[2]
- Св. Никола Летен — главна селска слава
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Пред 1952 година, едно семејство од селото се има иселено во Бугарија.[17]
Потоа од Белче се иселиле над 30 домаќинства иселено и тоа најмногу во градовите Битола, Скопје и Демир Хисар, но има иселено и во европските и во прекуокеанските земји.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 12–13. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 47-48. ISBN 978-608-220-026-2.
- 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 26. Посетено на 4 април 2020.
- ↑ „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-08-20. Посетено на 2020-04-04.
- 1 2 Во Опширниот пописен дефтер број 993 и 988 од 1468 г. (Пописот опфатен од лист 1-10 на Дефт. бр. 993 и од лист 11 -97 на дефт. број 988). М. Соколовски, Турски документи за историјата на македонскиот народ, Скопје, 1971, стр.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јуни 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- 1 2 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 4 април 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-06-17. Посетено на 4 април 2020.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| |||||||||||||||||||||



