Прејди на содржината

JavaScript

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 13:06, 27 ноември 2006; направена од Brest (разговор | придонеси) (Нова страница: JavaScript е продукт на Netscape, претставува скрипт јазик кој е објектно ориентиран, со можност да с...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)

JavaScript е продукт на Netscape, претставува скрипт јазик кој е објектно ориентиран, со можност да се извршува на повеќе хардерски и софтверски платформи. JavaScript е мал и едноставен јазик, кој се користи во комбинација со други продукти и апликации, како например веб прелистувач (анг. web browser). Вгезден во соодветен продукт, JavaScript може да се поврзе со објектите во неговата околина и да овозможи програмска контрола над нив. Основата на JavaScript јазикот се состои од основно мнжество на објекти, како што се Array, Data и Math, основно множество на елементи на јазикот како што се операторите, контролните структури и искази. Основата на JavaScript може да се проширува во зависност од потребите со додавање на дополнителни објекти; пример:

  • Client-side JavaScript врши проширување на основата на јазикот со додавање на објекти за контрола на веб прелистувачот (Navigator, MS Intrenet Explorer или некој друг веб прелистувач) и DOM (анг. Document Object Model) објектот. На пример: овие објекти овозможуваат да се додаваат и контролираат елементите од HTML формата или да се одговори соодветно на акциите на корисникот (клик на глушец, пишување во поле, или пак навигација низ страната).
  • Server-side JavaScript врши проширување на основата на јазикот со додавање на објекти одговорни за извршување на javaScript на серверска страна. На пример: овие објекти овозможуваат комуникација со релациона база на податоци, обезбедуваат континуитет помеѓу две сесии или пак разменуваат податоци помеѓу две или повеќе различни апликации, или вршат некаква манипулација на податотики сместени на серверот.