Прејди на содржината

HTML

Од Википедија — слободната енциклопедија

HTML (HyperText Markup Language) е најдоминантен јазик за означување кој се користи за правење на веб страници. Овој јазик се користи за опишување на структурата на информациите во текст ориентираните документи со помош на означување/маркирање/подвлекување на одредени делови од текстот како што се насловите, параграфите, листите, итн., при што овој означен текст се заменува со интерактивни форми, вгнездени слики или други објекти. HTML исто така го опишува, до одреден степен, изгледот и семантиката на документот и може да содржи дополнителни својства, како например вгнезден програмски код, кој може да влијае на однесувањето на веб прелистувачот или било кој друг HTML процесор.

Пример за HTML

<html>
<body>
<title>Ова е насловот што ќе го пишува горе во прелистувачот</title>
<head>Наслов</head>
тука било што се пишува, но најчесто работите се ставаат помеѓу <div> или <p> ознаката. 
Скоро сите ознаки мора да се завршат. 
Најчесто се завршуваат со додавање на </****> (на местото на ѕвездите се пишува ознаката што сакаме да го завршиме)
</body>
</html>