Прејди на содржината

Internet Message Access Protocol

Од Википедија — слободната енциклопедија

Internet Message Access Protocol(IMAP) е еден од двата најважни стандардни интернет протоколи за превземање на електронска пошта. Другиот од овие два е Post Office Protocol(POP) кој како и IMAP е поддржан од сите познати e-mail клиенти и сервери за пошта за да пренесување на пораки од даден сервер.

E-mail протоколи

Internet Message Access Protocol-от ( кој е познат како IMAP) е Интернет протокол на апликациско ниво кој му дозволува на e-mail клиент да пристапи во електронската пошта преку друг сервер кој се нарекува mail сервер. Моменталната верзија, IMAP верзија 4 преработка 1 (IMAP4rev1), е дефиниран од страна на RFC 3501. IMAP серверот прислушкува на листа од TCP и UDP порти со одредени броеви (добро познатата порта) 143.

IMAP поддржува и on-line и off-line начини на операција. E-mail клиентите кои користат IMAP обично оставаат пораки на серверот се додека корисникот не ги избрише. Овие како и многу други карактеристики на IMAP операциите дозволуваат повеќе клиенти да управуваат со истото сандаче. Повеќето од e-mail клиентите поддржуваат IMAP користејќи воедно и POP за превземање на пораки; Сепак, мал број на сервиси поддржуваат IMAP.[1] IMAP нуди пристап кон магацинот за пораки на електронската пошта. Клиентите можат да прават локални копии , но истите се сметаат како привремен кеш.

Новите пораки се праќаат кон e-mail сервер кој истите ги складира во сандачето на корисникот кој што треба да ја прими пораката. Примачот ја превзема пораката со помош на e-mail клиент кој користи еден од многуте протоколи за превземање на електронска пошта. Некои од клиентите и сервисите користат само протоколи одредени од добавувачи (лиценциран протокол), но повеќето ги поддржуваат и стандардните интернет протоколи, (SMTP) за праќање на електронска пошта и користат POP и IMAP за превземање на истата, овозможувајќи интероперабилност со други сервиси и клиенти. На пример,Outlook клиентот користи лиценциран протокол за да комуницира со таканаречениот Microsoft Exchange Server, сервер кој го прави истото како и Notes клиентот на IBM кога комунуцура со Domino сервер, но сите овие продукти поддржуваат POP, IMAP и SMTP. Поддршката за стандардните интернет протоколи му дозволува на многу e-mail клиенти како Pegasus Mail или Mozilla Thunderbird (видете споредба на e-mail клиенти) да пристапат до овие сервери и дозволува клиентите да бидат користени од страна на други сервиси.(видете листа на mail сервери).

Историја

IMAP бил дизајниран од страна на Mark Crispin во 1986 како протокол за управување со сандачиња од далечина (remote mailbox protocol), за разлика од широко користениот POP, протокол за превземање на содржини од сандаче.[2]

IMAP порано бил познат како Internet Mail Access Protocol, Interactive Mail Access Protocol (RFC 1064), и Interim Mail Access Protocol[3]

Оригинален IMAP

Првичниот Interim Mail Access Protocol бил имплементиран во XeroxLisp машински клиент и TOPS-20 сервер.

Но, не постојат копии од спецификациите на овој пртокол, ниту пак постои софтвер за истиот. Иако некои од командите и одговорите биле слични со некои од командите и одговорите на IMAP2, на interim протоколот му недостигале тагови за команди/одговори и на тој начин неговата синтакса не била компатибилна со останатите верзии на IMAP.

IMAP2

Interim protocol-от веднаш бил заменет од таканаречениот Interactive Mail Access Protocol (IMAP2), дефиниран во RFC 1064 (во 1988) и подоцна ажуриран од страна на RFC 1176 (во 1990). IMAP2 прв пат претстави тагови за command/response и беше првата јавно дистрибуирана верзија.

IMAP3

IMAP3 веќе не постои но е многу ретка верзија IMAP.[4] Издадена е како RFC 1203 во 1991. Оваа верзија била напишана специјално како против предлог на RFC 1176, кој и подоцна самиот објави модификации на IMAP2.[5] IMAP3 никогаш не бил прифатен од пазарот.[6][7]IESG го прекласифицира RFC1203 "Interactive Mail Access Protocol - Version 3" како историски протокол во 1993.IMAP групата искористила RFC1176 (IMAP2) наместо RFC1203 (IMAP3) како почетна точка.[8][9]

IMAP2bis

Со пристигањето на MIME, IMAP2 беше модифициран така што можеше да поддржува MIME структури и беше додадена функционалност која овозможуваше управување со сандачиња (креирање, бришење, преименување, качување пораки на сервер)што дотогаш го немаше во IMAP2. Оваа експериментална преработка се нарече IMAP2bis; нејзината крајна спецификација никогаш не била објавена. Почетна верзија била објавена на интернет, а IMAP2bis бил објавен од страна на IETF IMAP групата во окромври 1993. Оваа верзија се засновала на претходните спецификации: необјавениот IMAP2bis.TXT документ, RFC1176, и RFC1064 (IMAP2).[10]IMAP2bis.TXT верзијата го документирала проширувањето IMAP2 уште во декември 1992.[11] Првични верзии на Pine биле широко дистрибуирани со IMAP2bis поддршка[4] (Pine 4.00 and later supports IMAP4rev1).

  1. Mullet, Diana (2000). Managing IMAP. O'Reilly. стр. 25. ISBN 059600012X.
  2. The IMAP Connection - IMAP Status and History
  3. http://www.iana.org/assignments/service-names
  4. 4,0 4,1 „RFC 2061 - IMAP4 COMPATIBILITY WITH IMAP2BIS“. IETF. 1996. Посетено на 2010-08-21.
  5. „INTERACTIVE MAIL ACCESS PROTOCOL - VERSION 3“. IETF. 1991. Посетено на 2010-08-21.
  6. „IMAP2, IMAP2bis, IMAP3, IMAP4, IMAP4rev1 (LAN Mail Protocols)“. Посетено на 2010-08-21.
  7. „IMAP Overview, History, Versions and Standards“. Посетено на 2010-08-21.
  8. „Protocol Action: Interactive Mail Access Protocol - Version 3 to Historic (IETF mail archive)“. 1993. Посетено на 2010-08-21.
  9. „Innosoft and POP/IMAP protocols? (mail archive)“. 1993. Посетено на 2010-08-21.
  10. „INTERACTIVE MAIL ACCESS PROTOCOL - VERSION 2bis (Internet Draft)“. IETF. 1993. Посетено на 2010-08-21.
  11. „IMAP2BIS -- EXTENSIONS TO THE IMAP2 PROTOCOL (DRAFT)“. 1992. Посетено на 2010-08-21.